Данок и даночна стапка
Оданочувањето како обврска го наложува државата на граѓаните (физички лица) и претпријатијата (правни лица). Тие мора задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот со цел да се задоволат државните потреби.
Видови на даноци:
- Данок на доход (данок на добивка, персонален данок)
- Данок на потрошувачка (ддв, акцизи*, царини**)
- Данок на имот (данок на имот, данок на наследство и јавни заеми)
*(Стапката на акцизи и нејзините износи во РС Мakedonija подетално се наведени на официјалната страна на Министерството за финансии – https://www.finance.gov.mk/mk/node/4438)
**(Царините подетално се определени во: Царински закон, Закон за царинска тарифа, Закон за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост и други прописи)
За данок на добивка даночната стапка изнесува 10% од добивката што ја остваруваат даночните обврзници од вршење на дејноста на територијата на РС Македонија. Обврзници се:
– правно лице кое е резидент на РС Македонија;
– постојана деловна единица на странско правно лице.
За персонален данок на доход даночната стапка изнесува 10% за даночен обврзник. Обврзници се:
– физичко лице резидент на РС Македонија, за доходот што го остварува во земјата и странство;
– физичко лице нерезидент, за доходот што го остварува од извори во РС Македонија.
За данокот на додадена вредност (ДДВ) даночната стапка изнесува 18% за општи даночни обврзници, а постои и повластена стапка од 5%. Обврзници се правни и физички лица кои вршат дејност на територија на РС Македонија. Обврска за задолжителна регистрација имаат оние даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен промет над 2.000.000,00 денари.
За данок на имот даночната стапка изнесува од 0,10% до 0,20% од вредноста на имотот за правни и физички лица кои се сопственици на имот.
За данок на наследство и подарок даночната стапка изнесува:
– од 2% до 3% за обврзници од втор наследен ред (родителите и брачниот другар на оставителот, браќата и сестрите на оставителот и нивните потомци);
– од 4% до 5% за останатите обврзници (за физички или правни лица резиденти на РС Македонија кои наследуваат имот на подарок во РС Македонија или странство, како и за странски физички и правни лица нерезиденти кои наследуваат подвижен или недвижен имот на територијата на РС Македонија).
За данок на промет на недвижности даночната стапка изнесува од 2% до 4% за обврзници правно и физичко лице – продавач на недвижноста, а по исклучок може обврзник да биде и купувач, доколку во договорот за купопродажба на недвижност е договорено купувачот да го плати данокот.
Извор:
Министерство за финансии
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

