Skip to content

Даночна пријава

Даночната пријава претставува запис на даночен обврзник за остварените приходи, извршените расходи, добивката, имотот, прометот на добра и услуги или други трансакции кои се од значање заради утврдување на данок. Секој даночен обврзник мора да поднесе даночна пријава до Управата за јавни приходи. 

Даночната пријава се поднесува на образец чија форма и содржина ја пропишува министерот за финансии. Во даночната пријава даночниот обврзник сам го пресметува данокот, а дадените податоци во даночната пријава мора да бидат точни и вистинити.

Даночниот обврзник е обврзан лично да ја потпише даночната пријава, но доколку е спречен заради телесна или душевна болест или заради подолго отсуство, истото е дозволено и преку полномошник.

Одредени даночни пријави може да се поднесат и по пат на пренос на податоци во електронска форма.

Даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, задолжително доставуваат даночни пријави на данокот на додадена вредност и даночни биланси пропишани со Законот за данок на добивка по пат на пренос на податоци во електронска форма. Оваа обврска се однесува и на даночните обврзници кои имаат обврска да доставуваат даночен биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.

Поднесувањето на даночна пријава во дадениот рок е пропипишано со закон и се поднесува до надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи, освен ако не е уредено поинаку со законот.

За лицата кои не ги исполнуваат своите обврски за поднесување даночна пријава во соодветниот рок може да се утврди паричен додаток заради доцнење, но истиот не смее да надминува 10% од висината на законски утврдениот данок.

Извор: Закон за даночна постапка

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top