Skip to content

Занаетчија

Занаетчија претствавува физичко лице запишано во Регистарот на занаетчии кое врши занаетчиска дејност и одговара за своите обврски со целиот свој имот. Согласно Законот за трговски друштва во одредени услови занаетчиска дејност може да вршат и трговец поединец и трговско друштво.

Под занаетчиска дејност се мисли на занаетчиско производство, занаетчиски услуги, уметничко занаетчиство и домашно ракотворење.

Занаетчијата и вршителот на занаетчиската дејност мора да имаат простории за работа, во зависност од видот и начинот на вршење на дејноста, а можат и одделни работи од таа дејност да вршат надвор од просториите.

Занаетчијата и вршителот на занаетчиската дејност согласно закон можат да вршат една или повеќе сродни занаетчиски дејности и промет на своите производи.

Занаетчијата може да врши занаетчиска дејност, ако:

  • има соодветно стручно образование или соодветна стручна оспособеност за вршење на одредени занаетчиски дејности и
  • не е во работен однос.

Во Регистарот на занаетчии при Комората на занаетчии се запишува вршењето на занаетчиска дејност.

Извор:
Закон за вршење на занаетчиска дејност

За постапка за упис на занаетчиска дејност и потребната документација обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top