Skip to content

Вистински сопственик

Вистински сопственик е секое физичко лице кое е краен сопственик на клиентот (или го контролира клиентот/физичкото лице) во чие име и за чија сметка се извршува трансакцијата.* Односно, вистински сопственик е физичко лице (или лица) кое е сопственик во правното лице преку директна сопственост на доволен процент на удели, акции или други права во правното лице.

Едно физичко лице за да биде вистински сопственик на директна сопственост треба да има над 25% сопственост од уделите, правата на глас, права на акции или други права во правното лице. Додека пак сопственик на индиректна сопственост е физичко лице или лица заедно или поединечно над едно или повеќе правни лица кои имаат над 25% од уделите или 25% плус една акција.

Уписот на вистински сопственици се врши во Централниот регистар преку внес на податоци за правниот субјект преку дефинирањето на индикаторот на сопственост. За секоја промена во правното лице во однос на уделот постои законска обврска да се запишат податоците за вистинскиот или вистинските сопственици во Централниот регистар.

*Според Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Извор:
Централен регистар на РСМ
Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам

За постапка за упис на вистински сопственици и потребната документација обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!




This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top