Skip to content

Дивиденда

Дивиденда претставува дел од добивката на друштвото која што се распределува на содружниците и на акционерите на друштвото во согласност со нивните права определени во уделите, односно акциите.

Дивидендата се исплаќа на начин што друштвото мора да го објави годишниот финансиски извештај, за да ги извести доверителите доколку ги има за намерата.

По одобрување на годишната сметка и финансиските извештаи, како и утврдувањето на постоење на добивка, собирот на содружници односно акционери, го определува делот на висината на добивка што треба да им се додели на содружниците (акционерите).

Начинот на плаќање на дивидендата ја утврдуваат содружниците (акционерите) на собирот и jа исплаќаат во рок од девет месеци по завршување на деловната година.

Извор:
Закон за трговски друштва

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top