Skip to content

Трговец-поединец

Трговец-поединец (ТП) претставува физичко лице кое врши некоја трговска дејност во вид на занимање, определена со Законот за трговски друштва.

Во трговскиот регистар како трговец-поединец може да се запише секое деловно способно физичко лице. Трговецот-поединец одговара за своите обврски лично и неограничено со целиот свој имот.

Физичко лице не може да биде регистрирано како трговец-поединец ако: над него е отворена стечајна постапка или предизвикал стечај или надлежен орган му забранил да врши дејност, како и ако истовремено по било која основа е запишано како трговец-поединец под друга фирма.

Уписот на трговец-поединец се врши електронски при Централниот регистар на РСМ.

Извор:
Закон за трговски друштва

За постапка за упис на трговец-поединец и потребната документација обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top