Стекнување државјанство
Државјанство во Република Северна Македонија може да се стекне на неколку начини и тоа: со потекло, со склучување брак со македонски државјанин, со природување и слично.
Државјанство со потекло се стекнува доколку:
– двајцата родители се државјани на РСМ и детето се роди на територијата на РСМ или во друга земја;
– едниот родител е државјанин на РСМ, а другиот родител не е, без разлика дали детето ќе се роди во оваа земја или надвор од неа.
Државјанство со склучување на брак може да се стекне ако:
– странски државјанин склучи брак со македонски државјанин.
Лице без државјанство или лице со статус на бегалец може да стекне државјанство ако:
– законски и постојано живее на територија на РСМ најмалку 6 години.
Странец може да стекне државјанство доколку:
– има пријавено законски престој во РСМ и постојано живее во оваа земја најмалку 8 години.
Постапките за стекнување на државјанство на РСМ се поведуваат пред органите на Министерството за внатрешни работи, како и пред Дипломатско конзуларно претставништво.
Извор:
Закон за државјанство
Министерство за внатрешни работи
За водење на постапката за стекнување на државјанство во РСМ и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

