Skip to content

Застареност

Со застареност престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската. Застареноста почнува да тече првиот ден по денот кога доверителот имал право да бара исполнување на обврската (освен ако за одделни случаи со закон не е пропишано нешто друго). Ако обврската се состои во нешто да не се стори, да се пропушти или трпи, застареноста почнува да тече првиот ден од денот кога должникот постапил спротивно на обврската.

Правилата на застареност не се применуваат во случаи кога во законот се определени роковите во кои треба да се подигне тужба или да се изврши определено дејствие под закана на губење на правото.

Општ рок на застареноста на побарувањата е пет години (освен ако со закон не е определен некој друг рок).

Побарувањата на повремени давања кои стасуваат годишно или во пократки временски периоди (повремени побарувања), било да се работи за споредни повремени побарувања (побарувањето на камати), или да се работи за такви повремени побарувања во кои се исцрпува самото право (побарувањето на издржување), застаруваат за три години од стасаноста на секое одделно давање.

Меѓусебните побарувања од договорите во прометот на стоки и услуги, како и побарувањата на надомест за издатоци во врска со тие договори, застаруваат за три години. Застарувањето тече одвоено за секоја испорака на стоки, извршена работа или услуга.

Побарувањата за закупнина, било да е определено да се плаќа повремено или во еден вкупен износ, застарува за три години.

Побарувањето за надомест на причинета штета застарува за три години од кога оштетениот дознал за штетата и за лицето кое ја сторило штетата. Во секој случај ова побарување застарува за пет години од кога настанала штетата.

Едногодишен рок на застареност:

1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството; 
2) побарувањето на радиостаница и радио-телевизиска станица за употреба на радио-приемник и телевизиски приемник; 
3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и 
4) побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот на времето за кое е нарачана публикацијата.

Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност.

Прекинување на застарувањето е кога должникот ќе го признае долгот, и со подигање тужба и со секое друго доверителово дејствие преземено против должник пред суд или пред друг надлежен орган заради утврдување, обезбедување или остварување на побарувањето. 

Извор:
Закон за облигациони односи

За водење на постапката за застареност и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top