Skip to content

Старателство

Старателство претставува посебна заштита на:

  • малолетни деца кои се без родителска грижа;
  • полнолетни лица на кои им е одземена/ограничена деловната способност;
  • на други лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и интереси;
  • на малолетни лица жртви на трговија со луѓе.

Центарот за социјална работа ги врши работите за старателство.  Постапка за ставање под старателство се поведува по службена должност или по барање на заинтересираните лица и таа е итна. Кога центарот за социјална работа ќе дознае дека некое лице има потреба да се стави под старателство, веднаш превзема мерки за заштита.

За некое лице да се стави под старателство или врз него да се примени некој облик на заштита, центарот за социјална заштита треба да го извести: 

  • матичарот и државните органи кога во вршењето на работите од своја надлежност ќе дознаат за таков случај;
  • роднините, членовите на семејството и соседите и
  • претпријатијата, установите, месните заедници и другите организации и заедници.

Извор:
Закон за семејство

За водење на постапката за старателство и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top