Skip to content

Постапка за склучување брак со странски државјанин

Во нашата држава секој полнолетен граѓанин може да склучи брак со државјанин од било која друга држава.

Во постапката за склучување брак потребно е да бидат присутни двајцата идни брачни партнери во Управата за водење на матичните книги односно пред матичарот кој ќе присуствува на нивното склучување брак. Во моментот матичарот составува записник во кој се определени датумот, часот и местото на венчавката. По составување на записникот идните брачни партнери потребно е да се обратат во Секторот за странци во Министерството за внатрешни работи со цел утврдување на легалноста на престојот на странскиот државјанин кој ќе склопи брак во земјава. Откако ќе се утврди дека престојот е легален документот се враќа во одделението на Управата за водење на матичните книги за проверка на целосната документација и договарање на терминот за склучување на бракот.

Потребни документи за склучување на бракот се:

1. За македонскиот државјанин:

  • оригинал извод од матичната книга на родени;
  • лична карта или пасош.

2. За странски државјанин:

  • оригинал извод од матичната книга на родените со апостил печат не постар од шест месеци на интернационален образец (истиот треба да е преведен на македонски јазик и заверен на нотар);
  • уверение за слободна брачна состојба (уверение дека лицето не е во брак во странство) со апостил печат не постар од шест месеци (преведен на македонски јазик и заверен на нотар);
  • потврда дека не постојат пречки за склучување брак во Република Северна Македонија со апостил печат (можно е странската држава да не издава ваков документ. Ако тоа е така потребно е да издаде документ дека истата не издава таква потврда);
  • оригинал важечки документ за идентификација.

На денот на склучување на бракот потребно е да присуствува овластен судски преведувач на јазикот кој го зборува странскиот државјанин.

Извори:
Закон за семејствово
www.uvmk.gov.mk

За водење на постапката за склучување на брак со странски државјанин и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top