Skip to content

Додаток за домување

Додаток за домување се определува на необезбедени лица и тоа е нивно право за материјално и станбено обезбедување.  

Во материјално необезбедени лица спаѓаат оние лица кои се корисници на гарантирана минимална помош и лица кои до 18 годишна возраст биле деца без родители и родителска грижа и по престанување на старателството до 26 годишна возраст.

Додаток за домување за корисници на гарантирана минимална помош може да се оствари со барање до општината. Начинот на остварување на правото на додаток за домување и потребната документација ги пропишува министерот.

Средствата за додатокот за домување ги обезбедува општината, градот Скопје и општините во град Скопје.

Извор:
Министерство за труд и социјална политика

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top