Skip to content

Право на надомест на трошоците за лекови

Правото на надомест на трошоците за купени лекови може да оствари осигурeно лице со поднесување барање за надомест (рефундација) на средства, но само за лекови кои паѓаат на товар на Фондот.

Рефундација на средствата за купените лекови може да се поднесе за:

  • лекови кои се издаваат на рецепт во примарната здравствена заштита (за осигурени лица кои во периодот на користењето на здравствената услуга имаат платено придонес за задолжително здравствено осигурување);
  • лекови кои се издаваат на рецепт во примарната здравствена заштита (за осигурени лица кои во периодот на користењето на здравствената услуга немаат платено придонес за задолжително здравствено осигурување);
  • лекови во ампуларна форма, кои се дел од задолжителна и ургентна ампуларна терапија која треба да ја поседува здравствената установа од примарната здравствена заштита со договор со ФЗОМ и која му е аплицирана на осигуреното лице од страна на избраниот лекар или лекарот кој е замена;
  • лекови на болничка здравствена заштита;
  • лекови набавени со сопствени средства на осигуреното лице во странски земји.

Извор:
Фонд за здравствено осигурување на РСМ

За подетални информации околу правото на надомест на трошоци за лекови, контактирајте ја Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 2 Comments

    1. Почитувани, Сервисеа е приватна компанија која се занимава со правни и административни услуги. Што се однесува на Вашето прашање најдобро би било да се обратите во Фондот за здравствено осигурување.
      https://fzo.org.mk/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top