Skip to content

Парична помош

Лице кое е неспособно за работа, материјално необезбедено односно доколку не може да обезбеди средства за својата егзистенција има право на постојана парична помош.

Неспособно за работа се смета лицето ако е:

  • со умерени, тешки и длабоки  пречки во менталниот развој или со комбинирани и други пречки во развојот, кое заради степенот на попреченост не може да се стекне со образование, како и лице со телесна попреченост, поради која е неспособно за работа;
  • душевно заболено и со трајни промени во здравствената состојба поради која е неспособно за работа;
  • самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран родител согласно со Законот за семејството до три години возраст на детето;
  • дете без родители и без родителска грижа кое не се штити врз основа на правото на сместување, кое нема приходи по основа на имот и имотни права и не остварува средства по основа на други прописи (најмногу до 18 год.)
  • лице постаро од 65 години.

Право на постојана парична помош има и друг член од семејството како соуживател на помошта, доколку е неспособен за работа и дете до 18 или 26 години ако се школува.

Висината на постојана парична помош изнесува:

  • за лице носител на правото – 4.306 денари;
  • за лице носител на правото и еден соуживател –  6.028 денари;
  • за лице носител на правото и два или повеќе соуживатели –  8.312 денари.*
    * висината на правото се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година.

Извор:
Закон за социјална заштита,
Министерство за труд и социјална политика

За водење на постапката за парична помош и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top