Нострификација на диплома
Нострификацијата е признавање на валидноста на документ.
Се нострифицира документ на државјанин на РСМ кој завршил основно или средно образование во странство, со цел истиот да му биде признаен односно да има важност и во РСМ. Странски државјанин или лице без државјанство може да нострифицира документ за завршено образование од странство, за документот да му се признае во РСМ.
Документи потребни за нострификација на диплома за завршено образование се:
- оригинал диплома и две фотокопии;
- два примерока од дипломата преведена од овластен судски преведувач;
- две фотокопии од свидетелства од сите години и два примерока од свидетелства преведени од овластен судски преведувач;
- молба;
- извод од матична книга на родени и две фотокопии;
- уверение за државјанство и две фотокопии.
Постапката за нострификација на диплома се води пред Министерството за образование и наука, а документите се поднесуваат лично.
Извор:
Министерство за образование и наука
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

