Skip to content

Попис на населението

Согласно новиот Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во РСМ, ќе се прибираат податоци за населението, домаќинствата и становите на територијата на земјава.

Единици кои се опфаќаат во пописот се:

  • лица:
    – државјани на РСМ кои имаат живеалиште или престојувалиште во РСМ, без оглед на тоа дали во моментот на пописот се наоѓаат во РСМ или во странство,
    – странски државјани кои престојуваат во РСМ со одобрение за престој и
    – лица без државјанство кои во моментот на спроведување на пописот се затекнати во РСМ.
  • домаќинствата на лицата;
  • станови и други населени простории.

    Со пописот нема да бидат опфатени:
  • дипломатскиот персонал на странските дипломатски и конзуларни претставништва во РСМ и членовите на нивните семејства;
  • странскиот воен персонал и членовите на нивните семејства, лоцирани во РСМ, како и членовите и претставниците на меѓународните организации и институции кои во моментот на пописот престојуваат во РСМ и
  • странските државјани кои во времето на пописот се наоѓаат во РСМ заради службен пат, приватна посета, лекување, туристички и слични патувања.

Лицата кои во моментот на пописот нема да се во РСМ, а се државјани на РСМ, доколку се на привремена работа или престој во странство, нивни податоци може да даде полнолетно лице кое што најмногу ги познава и воедно го дава својот матичен број и матичниот број на лицето кое во моментот не се наоѓа во РСМ. Овие лица ќе можат да се попишат и на посебна апликација која е на веб страната од Државниот завод за статистика.

Извор:
Закон за попис на населението,
домаќинствата и становите во РСМ

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top