Што претставува солемнизацијата?
Солемнизацијата претставува потврда од страна на нотарот за дадените исправи.
Со заверката од нотарот на приватната исправа се потврдува точноста на содржината на исправата, која е во согласност со волјата на договорните страни кои ја потпишале и со тоа на документот му се дава правна сила. Поточно, солемнизираниот договор, односно солемнизираната приватна исправа се потврдува и има својство на јавна исправа.
Без солемнизација приватната исправа односно договорот нема правна важност (сила).
Извор:
Закон за нотаријат
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

