Skip to content

Издршка на деца

Неплаќање издршка

Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца (согласно Законот за семејство). Откако децата ќе станат полнолетни, родителите се должни да ги издржуваат децата до редовно завршување на школувањето, најдоцна до 26 годишна возраст. Доколку детето е полнолетно но не е способно да работи поради болест, физички или психички недостаток и нема доволно средства за живот, родителите се должни да го издржуваат додека трае неспособноста.

Кога бракот на родителите е разведен, судот определува родителот со кој не живее детето да плаќа издршка (алиментација). Во спорот на родителите околу издржувањето на детето, судот како придонес за издржување на родителот на кого детето му е доверено на чување и воспитание, ќе ги цени работата и грижата на тој родител кој ги внесува во воспитанието и подигањето на детето.

Висината на издршката, судот може да ја определи во определен износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и примањата остварени од вршење на друг вид дејност, како и во зависност од неговата имотна состојба, способноста за работа, можноста за вработување, здравствената положба и другите околности, возраста на детето и потребите за неговото школување.

Доколку родителот одбегнува да дава издршка, која претходно судот ја определил со одлука, може да се казни за сторено кривично дело – Неплаќање на издршка со парична казна или затвор до една година. Воедно ако судот определи дека од оправдани причини не може да даде издршка, таа обврска судот ќе ја замени со друга соодветна.

Извор:
Закон за семејството
Кривичен законик

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top