Skip to content

Надомест за сведок во судска постапка

Сведокот има право на надомест на трошоци за тоа што сведочел во судска постапка и тоа надомест за патни трошоци, трошоци за исхрана, трошоци за ноќевање (доколку доаѓа од друго место за да сведочи) како и надомест за загубена заработувачка (доколку е вработено лице и истото отсуствува од работа за да сведочи).

Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето во судската постапка, доколку не побара веднаш по сведочењето го губи правото на надомест на трошоци.

За да му се надомести за загубена заработувачка, сведокот треба да приложи доказ за изгубена заработувачка.

Извор:
Судски портал на РСМ

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top