Skip to content

Изземање од извршување

Извршувањето може да се спроведе врз парични и непарични побарувања. Со оглед на минималните трошоци и едноставноста, најчесто се применува извршување врз паричните побарувања на должникот.

Некои парични побарувања, согласно Законот за извршување, се изземени од извршувањето, а тука спаѓаат:

  • примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давателот на издршката;
  • примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
  • примање врз основа на права на парична помош од социјална заштита;
  • примање врз основа на привремена невработеност;
  • примање врз основа на додаток на деца;
  • примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти;
  • примање на питомци во Воената академија;
  • надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом, освен за побарување врз основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета предизвикана со кривично дело на осудениот;
  • примање врз основа на патни трошоци и
  • средствата на посебната сметка која ја поседува извршителот.

Доколку имате предмет кај извршител кој се извршува врз одредено парично побарување, а спаѓа во горенаведените имате право да барате изземање од извршувањето. Врз тоа парично побарување нема да се изврши наплата, односно врз тој износ на парично побарување не може извршителот да го спроведе паричното побарување.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top