Skip to content

Kалкулатор за престој во земјите на ЕУ

Колку долго граѓанин на Република Северна Македонија може да престојува во ЕУ?

Граѓаните на РС Македонија кои поседуваат биометриски пасош доколку патуваат во ЕУ односно во државите од Шенген зоната таму можат да останат максимум до 90 денови (три месеци) од датумот на влез во период од 180 денови (шест месеци). Овој краток престој од 90 денови важи за македонците кои не поседуваат виза и сакаат како туристи да престојуваат во овие земји.

Како може да пресметате кога започнува и кога завршува Вашиот период на престој?

На пример доколку сте влегле во државите од Шенген зоната во ЕУ во месец март во наредниот период па се до септември ќе можете да ги користите дозволените 90 денови, а новиот период на сметање нови 180 денови ќе Ви започне во септември кога ќе може да користите новите 90 денови.

Доколку често патувате во земјите од Шенген зоната во ЕУ можете да ја посетите ЕУ-калкулатор (веб страна на Европската комисија) со цел да го олесните броењето на дозволените денови за престој.

ЕУ-калкулатор

Во случај ако сакате да останете подолго од 90 денови, тогаш потребна е виза за подолг престој или пак работна виза.

Листа на земји во Шенген зоната во кои можат македонските граѓани да престојуваат без виза, како туристи се: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top