Skip to content

Сопственост и стварни права на странски лица

Странско физичко лице е лице кое нема државјанство на Република Северна Македонија. Странско правно лице е она правно лице кое има регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Право на сопственост може да стекнуваат странски физички и правни лица, на подвижни и недвижни ствари и тоа по пат на наследување, право на сопственост на стан или деловен простор, стварно право на градежно и земјоделско земјиште, односно:

  • сопственост врз подвижни ствари може да стекнуваат исто како и домашните лица;
  • сопственост по пат на наследување може да стекнат доколку: не се членки на Европска унија и Организација за економска соработка и развој под услови на реципроцитет и ако тоа е со меѓународен договор определено, а ако се членки на Европска унија и Организација за економска соработка и развој наследуваат под исти услови како државјаните на РСМ;
  • сопственост врз основа на тестамент може да стекнуваат под услови на реципроцитет;
  • право на сопственост на стан, станбена зграда и деловен простор може да стекнат ако се членки Европска унија и Организација за економска соработка и развој под исти услови како државјаните на РСМ, а ако не се членки Европска унија и Организација за економска соработка и развој по услови на реципроцитет;
  • стварни права на градежно земјиште може да стекнат ако се членки Европска унија и Организација за економска соработка и развој под исти услови како државјаните на РСМ, а ако не се членки Европска унија и Организација за економска соработка и развој по услови на реципроцитет;
  • не може да стекнуваат стварни права и право на сопственост на земјоделско земјиште. Под услови на реципроцитет може да стекнат само право на долготраен закуп на земјоделско земјиште.

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top