Skip to content

Бришење од казнена евиденција

Лицето кое претходно било осудено може после определен период да побара да му се избрише осудата од казнената евиденција. Најпрво, претходно осуденото лице треба да достави молба за бришење од казнена евиденција до судот кој ја донел одлуката. Потоа, судот определува дали ќе се избрише осудата во зависност од поведението на осудениот после издржувањето на казната.

Бришење од казнена евиденција на казна затвор може да се определи за:

  • казна од 3 до 5 години, се брише по истек од 5 години;
  • казна од 5 до 10 години, се брише по истек од 10 години;
  • казна од 10 до 15 години, се брише по истек од 15 години;
  • казна од 20 години, се брише по истек од 20 години.

Бришењето од казнена евиденција се смета од денот на издржаната, застарената или простената казна, ако во тоа време осудениот не изврши ново кривично дело.

Извор:
Кривичен законик

За водење на постапката за бришење од казнена евиденција и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top