Skip to content

Постапка за отпишување на камати за неплатени сметки

Со Законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности*, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување на заеднички простори, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште се отпишува затезна односно казнена камата поврзана со главниот долг и трошоците за постапката настанати заклучно со 25.05.2006 година.

* Под услуги од вршители на комунални дејности спаѓаат: електрична енергија, топлинска енергија, вода и смет.

Отпис на каматата е ослободување на должникот од обврски за казнена камата настанати поради ненавремено платен главен долг и трошоци во постапката за услуги до 25.05.2006 година.

Право на отпис на камата има секое физичко лице (должник) кое ќе изврши уплата на главниот долг и на трошоците (судски, нотарски, адвокатски и трошоци на извршување) на постапката во рок од 12 месеци од денот на објавувањето на Одлуката на управниот одбор на доверителот.

Постапка за остварување на право на отпис на камата

Стекнатото право на отпис на камата, должникот (физичко лице) го остварува со поднесување на барање до доверителот, кон него приложува и доказ за извршена исплата на главниот долг.

Доверителот е должен во рок од 15 дена по приемот на доставениот доказ за извршена уплата на главниот долг, да го извести должникот по писмен пат, за усвојување (целосно или делумно) или за одбивање на отписот на каматата.

Доколку доверителот изврши отпис на каматата, должен е веднаш но не подоцна од 8 дена по донесената одлука за истото да го извести нотарот или извршителот дека е исплатен главниот долг и извршен е отпис на каматата, заради што бара запирање на постапката пред нотарот или извршителот.

Извор: Закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности*, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување на заеднички простори, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште

За водење на постапката за отпишување на камати за неплатени сметки обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top