Skip to content

Трансфер на парични средства

Трансфер на парични средства од РСМ во друга земја и обратно

Резидент е физичко лице кое е жител односно државјанин на РС Македонија.
Нерезидент е физичко лице кое не е жител на РС Македонија, односно е жител на друга земја. Нерезидент е и правно лице регистрирано со седиште во друга држава.

Транфер на пари од РС Македонија во друга земја

Резидент може да испрати парични средства во странство на нерезидент – физичко лице  во максимален износ од 2500 евра месечно. За трансфер на парични средства кој надминува 2500 евра задолжително мора да се достави документ за основот на испраќање.

Резидент може да испрати неопределен износ парични средства во странство на нерезидент – правно лице (износот не е лимитиран месечно). Единствен услов за праќање на паричните средства е да се достави соодветен документ за основот на плаќање (фактура, профактура, договор и слично).

Транфер на пари од друга земја во РС Македонија

Резидент може да прими неограничен износ парични средства од странство од страна на нерезидент – физичко лице.

Резидент може да прими неопределен износ парични средства од странство од страна на нерезидент – правно лице (износот не е лимитиран месечно). Единствен услов е да и даде информација на банката за основот на приливот.

Правилата за наплата на провизии кај меѓубанкарските плаќања и наплати со странство

  • OUR – Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот, а Корисникот на средствата ќе го добие целиот износ.
  • SHA – Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на својата банка, а Kорисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите останати банки вклучени во трансферот – Корисникот на средствата ќе добие намален износ.
  • BEN – Корисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот, а Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

По однос на провизијата во македонските банки, доколку испраќачот на паричните средства ги подмири сите трошоци:

  • во дел од македонските банки парите може да се подигнат во денарска противвредност во целосен износ;
  • во дел од македонските банки парите може да се подигнат во денарска противвредност со тоа што 1% од целосната сума која може да се подигне ја задржува банката;
  • во дел од македонските банки парите може да се  подигнат во денарска противвредност со тоа што 5 евра провизија од целосниот износ кој може да се подигне задржува банката.*

*ако банката во РС Македонија во која се подигаат парите нема склучено договор за соработка со банката преку која се испраќаат парите, трансферот на пари поминува низ повеќе банки се додека не стигне во македонската банка кај примачот. Во тој случај секоја банка низ која ќе поминат парите задржува провизија од 5 (пет) евра.

Трансферот на пари по основ на подарок не се оданочува во Управата за јавни приходи.

Извор:
Народна Банка, НЛБ Банка, ХАЛК Банка,
Кооперативна Банка, Охридска Банка, Стопанска Банка,
Комерцијална Банка, УНИ Банка, Силк Роад Банка,
Управа за јавни приходи

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!


This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top