Коронавирус – Дозвола за движење
Дозвола за движење за време на важење на Одлуката за забрана за движење за физички лица кои обезбедуваат нега на трето лице, стари и изнемоштени.
Физичките лица кои обезбедуваат нега на трети лица, стари и изнемоштени може да се движат за време на забраната за движење (полициски час) само со поднесено барање за издавање на дозвола за движење. Формулар за барање на истото може да се најде во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.
Дозволата за движење која физичкото лице може да ја добие важи исклучиво заради пружање нега на трето лице и во ниту еден друг случај. Условите за добивање ваква дозвола се:
- Барателот да биде исклучиво лице кое пружа нега на трети лица, стари и изнемоштени (како и лица со аутизам, церебрална парализа и други здравствени состојби за кои е потребна нега од трето лице);
- Барателот да биде член на семејството на лицето на кое му е потребна нега.
Кон поднесеното барање за добивање дозвола за движење потребно е да се достави и доказ. Како доказ зависно од случајот може да послужи наод од доктор специјалист, Решение за одобрен паричен надоместок за нега од друго лице или пак некоја друга документација со која се докажува потребата.
Дозволата за движење за време на важење на Одлуката за забрана за движење за физички лица кои обезбедуваат нега на трето лице, стари и изнемоштени ја издава Министерството за информатичко општество и администрација во рок од еден ден.
извор: www.uslugi.gov.mk
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

