Skip to content

Зелен картон

Зелениот картон е документ кој е неопходен да се поседува за патување со сопствено возило надвор од државата. Се издава врз основа на осигурувањето од автоодговорност и претставува замена за полиса на осигурување од авотомобилска одговорност издадена од нашата земја а со важност за земјите-членки наведени во полисата.

Цената, односно премијата за издавање зелен картон зависи од возилото, односно:

  • за патничко возило до 66 KW годишен зелен картон изнесува – 3.690,00 денари, а месечен – 1.850,00 денари;
  • за патничко возило над 66 KW годишен зелен картон изнесува – 5.536,00 денари, а месечен – 3.075,00 денари;
  • за влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила зелениот картон изнесува – 5.536,00 денари;
  • за товарни возила и автобуси зелениот катон изнесува – 17.222,00 денари.

Важноста на зелениот картон е 12 месеци односно во рамки на времетраењето на полисата за осигурување од автоодговорност.

Извор:
Авотомото сојуз на Македонија

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top