Skip to content

Надомест за вршење на трговија на мало во недела и други празници

Продавниците на бензиски станици во чии рамки се врши трговијата на мало, продавници, киосци и штандови во трговските центри кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2, можат да работат во недела, во државни празници и други празници ако го пријават работното време во Централниот регистар на РСМ. Потврдата за работно време треба да ја достават до Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

За да се започне со работа во недела, во државни празници и други празници како втора постапка е да се уплаќа надоместок од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година, до 15 јануари во тековната година. Овие средства ќе се инвестираат во детските градинки. Значи за надоместокот во висина од 2% ќе се смета вкупниот приход остварен во недела, во државни празници и други празници во 2022 година. Уплатата ќе се изврши до 15 јануари 2023 година.

Извор:
Министерство за економија

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top