Skip to content

Отуѓување и давање под закуп државно градежно земјиште

Постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија е по пат на јавно наддавање и се спроведува електронски. Отпочнува со тоа што Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање ја објавува во два дневни весници, со податоците и целокупната документација за градежните парцели кои се предмет на продажба.

Во случај кога Република Северна Македонија е сопственик или сосопственик на најмалку 70% од вкупната површина на градежната парцела, органот преку нотар најпрво ќе го понуди делот на другите сосопственици или на сопствениците на катастарски парцели од кои е формирана градежната парцела предмет на отуѓување. Доколку другите сосопственици ја прифатат понудата, Државното правобранителство преку договор ја продава парцелата односно градежното земјиште. Во случај кога другите сосопственици не се заинтересирани да го откупат градежното земјиште и се откажат од првенството на купување, тогаш постапката за отуѓување се води со јавно наддавање.

Извор:
Закон за градежно земјиште

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top