Skip to content

Што е заштитно друштво?

Поради потребата од вработување на инвалидни лица се основаат заштитни друштва како трговски друштва. Заштитно друштво е друштво кое има вработено инвалидни лица, односно најмалку десет лица на неопределено време од кои најмалку 40% се инвалидни лица од вкупниот број на вработени, а од кои половината се лица со утврдена инвалидност.

Инвалидно лице се смета дека е она лице кое има оштетен вид, слух, пречки во говорот, гласот, телесно инвалиден, со пречки во интелектуалниот развој и со комбинирани пречки, како и инвалид на трудот со преостаната или намалена работна способност.

Заштитните друштва се ослободени од плаќање данок на добивка и сите давачки од добивката.

Вработените во заштитното друштво кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот се ослободени од плаќање на персонален данок од доход и за нив се обезбедуваат средства за придонес во пензиско и инвалидско осигурување од Буџетот на државата.

Извор:
Закон за вработување инвалидни лица

За водење на постапката за основање, промена или бришење на заштитно друштво како и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top