Skip to content

Индустриски дизајн

Со индустриски дизајн се штити дизајн кој е нов и има индивидуален карактер. Под дизајн се подразбира надворешен изглед на производот во целост или на негов дел кој е определен од неговите обележја, особено линии, контури, бои, облик, текстура и материјалот од кои производот е сочинет.  Производот може да е индустриски или занаетчиски предмет, како и деловите кои се наменети за спојување во сложен производ, пакување на производот, графичките симболи, типографските знаци, со исклучок на компјутерски програми. Сложен производ е производ кој е составен од повеќе делови што можат да бидат заменети, односно да се расклопуваат или составуваат.

Дизајнот на производот кој сочинува составен дел на сложен производ, се смета дека е нов и има индивидуален карактер ако:

  • составниот дел што е вграден во сложениот производ останува видлив за време на нормална употреба и
  • видливите карактеристики на составниот дел ги исполнуваат условите на новост и индивидуален карактер.

Дизајнот се смета за идентичен и тогаш кога се разликува во небитни делови.

Откривање на дизајнот постои кога станал достапен на јавноста, односно ако е објавен, изложен, користен во прометот или на друг начин откриен пред датумот на поднесување на пријава за признавање на дизајнот.

Не се смета дека дизајнот станал достапен на јавноста, доколку:

  • е откриен од трето лице под јасни или претпоставени услови на тајност;
  • е откриен од страна на дизајнерот, неговиот правен следбеник или трето лице врз основа на информации или активности преземени од нив за време од 12 месеци, пред датумот на поднесување на пријавата за индустриски дизајн.

Со индустриски дизајн не може да се заштити дизајнот:

  • кој исклучиво е одреден од техничките функции на производот или
  • кој мора да биде репродуциран во својот точен облик и димензии за да може производот во кој е содржан или на кој се применува дизајнот да биде механички поврзан со друг производ или сместен во, до или околу друг производ за да можат двата производа да ја извршуваат својата функција.

Постапката за признавање на правото на индустриски дизајн Сервисеа ја нуди како услуга и се поведува со поднесување пријава за индустриски дизајн.

Извор:
Закон за индустриска сопственост

За водење на постапката за индустриски дизајн и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top