Заштита на владението
Владение на определена ствар постои кога секое лице со посредство на друг или непосредно врши фактичка власт на стварта. Владение на ствар има и лицето кое фактичката власт ја врши и преку друго лице како на пример со плодоуживање, врз основа на договор за закуп, договор за послуга и слично.
Владетелот на ствари и права има право на заштита на владението од смеќавање или одземање.
Владетелот кој неовластено го стекнал владението со одземање од друг со сила, закана, злоупотреба со измама или со злоупотреба на довербата, а тој нема право да го штити само од она лице од кое неовластено го одзел, туку откако владението ќе му стане мирно ќе може да го штити и од него.
Право на заштита на владението може да се оствари во рок од 30 дена од денот на сознанието за смеќавање или одземање и за сторителот, но најдоцна до 1 година од настанатото смеќавање или одземање. Правото на заштита може да се оствари пред суд со постапка заради смеќавање или одземање на владение или пак со самопомош.
Извор:
Закон за сопственост и други стварни права
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

