Skip to content

Наследник во оставинска постапка

Кругот на наследници во оставинска постапка го сочинуваат сите потомци на оставителот, посвоениците и нивните потомци, брачниот другар на оставителот, неговите посвоители, неговите родители, неговите браќа и сестри и нивните потомци и неговите дедовци и баби и нивните потомци.

Како наследници од прв ред се јавуваат децата и брачниот другар на оставителот. (Доколку оставителот и брачниот другар се разведени, во тој случај брачниот другар не се јавува како наследник.)

Наследници од втор ред се родителите на оставителот и брачниот другар, доколку оставителот немал потомци (деца). Доколку еден од родителите на оставителот не го надживеал, во тој случај браќата и сестрите го наследуваат делот од родителот или пак неговите внуци и правнуци.

Наследници од трет ред се дедото и бабата на оставителот, доколку оставителот не оставил ниту потомци, ниту родители.

Право на наследување со претставување има ако порано умреното дете го надживеало оставителот и во тој случај го наследуваат неговите деца, внуците на оставителот, а ако некој од внуците умрел пред оставителот, тогаш делот што би му припаднал да бил жив во моментот на смртта на оставителот го наследуваат неговите деца, правнуците на оставителот, и така се додека има потомци од оставителот.

Наследникот од прв ред не плаќа данок на имот за наследството, а наследникот од втор и трет наследен ред имаат обврска за данок на имот за добиеното наследство. Данок на имот од 2%-3% плаќаат наследниците од втор наследен ред, а 4%-5% плаќаат наследниците од трет наследен ред и наследници кои не се во сродство со оставителот.

Извор:
Закон за наследување,
Закон за даноците на имот

За водење на оставинска постапка и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top