Skip to content

Експропријација

Експропријација претставува одземање и ограничување на правото на сопственост и имотните права на недвижностите на приватни лица поради јавен интерес. Со експропријација се одзема или ограничува правото на сопственост поради интерес од значење за државата или локалната самоуправа, поради градење на објекти и изведување на други работи.

За одземената недвижност или право (експроприрана недвижност)  се определува надоместок кој не може да биде понизок од пазарната вредност на недвижноста. Ова право за надоместок не застарува. Надоместокот и трошоците во постапката за експропријација се на товар на предлагачот (државата, градот Скопје или единиците на локалната самоуправа кои се предлагачи).

Постапката за експропријација може да заврши со спогодба за надоместокот. Доколку не се постигне спогодба постапката се решава судски за висината на надоместокот за експроприраната недвижност.

Извор:
Закон за експропријација

За водење на постапката за експропријација обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top