Skip to content

Употреба на туѓа недвижност заради изведување на работи

Туѓа недвижност може да се употребува заради изведување на работи, поставување скелиња и слично.

Сопственикот на негово барање, односно по предлог на надлежен орган, на недвижност на која е нужно да се извршат одредени работи потребни за нејзина употреба или користење може да употреби и туѓо земјиште. Притоа, тој тоа може да го стори заради изведување на работи, за поставување на скелиња и  слично, ако истото не може да се изведе на некој друг начин.

Откако ќе престане потребата за употреба на туѓата недвижност за нужни потреби, сопственикот е должен недвижноста да ја доведе во состојбата во која се наоѓала пред тоа, а доколку настанала некаква штета истата треба да ја надомести.

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права 

За водење на постапка за имотно-правни работи и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top