Постапка за издавање одобрение за градење
Многу инвеститори и граѓани се соочуваат со административни пречки, нејасни рокови и недостаток на информации при поднесување барање за добивање одобрение за градење.
Согласно Законот за градење, издавањето одобрение за градење се спроведува во неколку фазни чекори, и тоа:
- Поднесување на барање
- Потребна документација: Архитектонско–урбанистички проект (заверен од надлежен орган), Основен проект, Идеен проект, Доказ за право на градење (на пример имотен лист или договор), Геодетски елаборат со нумерички податоци за градежното земјиште.
- Плаќање на надоместок и
- Издавање на одобрението.
Забелешка:
- Сите документи мора да бидат во согласност со важечките урбанистички планови.
- Неправилно поднесени барања може да доведат до одложување или одбивање на постапката.
Сервисеа нуди помош во текот на целата постапка
- Подготовка и проверка на целокупната документација,
- Координација со проектанти и овластени геодети,
- Следење на рокови и комуникација со надлежни институции,
- Правно застапување во случај на спор или жалба.
Градењето започнува со дозвола. Со Сервисеа, ќе ја добиете навреме.
Извор:
Закон за градење

