Skip to content

Дали се наследува долг?

Во вредноста на оставината на оставителот влегуваат и неговите долгови.

Наследникот во делот од оставината што ја наследува ги наследува и долговите кои ги имал оставителот, но во висина на неговиот наследен дел. Наследникот не може да се откаже од долговите на оставителот, а да го прими другиот наследен дел. Доколку не сака да го прими долгот од оставителот должен е да се откаже од целиот наследен дел.

Во случај наследникот да го прифати својот наследен дел од оставината што го следува, тој сноси одговорност и ги подмирува долговите во висината што ги наследил.

Избор:
Закон за наследување

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top