Времено ослободување од плаќање за градежно земјиште
Времено ослободување од обврска за плаќање надомест и закупнина за градежно земјиште во државна сопственост
Физичките лица, носители на правото на приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, ако надоместот (закупнината) не можат да го плаќаат, можат времено да бидат ослободени од плаќањето.
Услови кои треба да ги исполнуваат се:
- да се корисници на постојана парична помош;
- да се корисници на социјална помош или
- да се деца без родителска грижа додека користат правна и социјална заштита.
Извор: Закон за приватизација и закуп
на градежно земјиште во државна сопственост
www.uslugi.gov.mk
За водење и спроведување на целокупната постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

