Skip to content

На што да се внимава при купување стан или куќа?


Kупувањето имот е процес кој е проследен со невообичаено ниво на стрес и изгубено време. Не се ретки случаите во кои доаѓа до долги и компликувани судски процеси, како и до загуба на финансиски средства. Затоа е потребно да се посвети големо внимание на правните аспекти и на договорите кои се потпишуваат. Во таа смисла многу луѓе се нашле затекнати или измамени при купувањето на нивниот иден дом. За да се избегнат сите несакани последици потребно е да се ангажира стручно лице кое ќе Ви помогне, првично да ги согледате сите аспекти пред купувањето на недвижноста, а потоа и за време на склучувањето на договорот со продавачот на недвижноста.                                                                                       

На што да се внимава при купување на стан или куќа?

  • Дали објектот (зградата) кој е во градба е предбележан во Агенцијата за катастар на недвижности (преку лист за предбележување на градба)?
  • Дали за станбениот објект постои уредна дозвола за градба?
  • Дали постои некакво оптоварување на станот/куќата, односно дали на истиот има хипотека или залог?
  • Дали сите членови од договорот за купопродажба се во согласност со законите на РСМ (за да се заштат и купувачот и продавачот)?
  • Дали предметниот стан е продаден на повеќе лицa?

Доколку сакате да купите или продадете недвижност, а би сакале да се погрижиме за сите правни аспекти во Ваше име, обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top