Како се стекнува сопственост на имот?
Сопственоста може да се стекне со:
- Полноважно правно дело, односно договор за купопродажба или договор за дар, заверен кај нотар и запишан во катастар;
- Наследување (наследник ако наследи од оставител, врз основа на закон или тестамент);
- Одлука на државен орган (пример: со одлука за денационализација станот се враќа во сопственост);
- по сила на закон, односно по истек на 20 години, кога законскиот и совесен држател на недвижноста станува нејзин сопственик.
Извори:
Закон за сопственост и други стварни права
Закон за наследувањето
Закон за облигационите односи
За постапките околу стекнувањето сопственост на имот, обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

