Skip to content

Каде и кој може да извади имотен лист?

Голема е дилемата на граѓаните на РСМ дали имотен лист може да се извади во општината во којa живеат или пак во некоја друга, за имотот што не се наоѓа во таа општина.

Агенцијата за катастар на недвижности овозможи имотен лист да може да се извади во секој град, за имот што се наоѓа на која било територија во РСМ, без разлика во кој град ќе биде поднесено барањето за имотниот лист (пример: во Охрид може да се извади имотен лист за општина Скопје, општина Дебарца односно за која било општина во РСМ).

Имотен лист може да извади секој граѓанин пред надлежните институции, само потребно е да го знае бројот на имотниот лист или катастарската парцела, за да го пополни барањето за истиот. Без оглед дали граѓанинот што сака да го извади имотниот лист е негов сопственик или не, може да го поднесе барањето за имотен лист.

Извор:
Агенција за катастар на недвижности

За вадење на имотен лист и останати услуги од катастарот на недвижности, обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top