Skip to content

Дали може да се бара надоместок за воспоставена службеност?

Службеноста е стварно право на туѓа ствар, кое се состои од овластување на нејзиниот носител во определен обем и начин да ја користи таа ствар, а сопственикот на стварта е должен тоа да го трпи или ништо да не стори.

Службеноста може да биде стварна или лична. Стварна е кога сопственикот на една недвижност за потребите од таа недвижност врши определени дејствија врз недвижноста на друг сопственик или пак бара од сопственикот да се воздржува од вршење на определени дејствија. Додека пак лична службеност е право врз туѓа ствар со кое се овластува определено лице, кое во посебен однос со сопственикот на послужната ствар да се служи со неговата ствар на определен начин, а сопственикот на стварта тоа да го трпи.

Стварни службености се: полски – право на пешачки премин, премин со запрежни возила, возила на моторен погон и други возила, право на црпење вода, право на довод и одвод на вода преку туѓо земјиште и друго, куќни – право на нужен премин на туѓо земјиште, право на ползување на туѓ ѕид, право на истекување атмосферска и друга вода низ земјиштето на соседот, право на поставување телевизиска антена и друго и комунално-технички – право на спроведување гасоводни, нафтоводни и други цефки на туѓо земјиште и друго.

Ако определено лице е сопственик на недвижност  на која е спроведена некоја стварна службеност, сопственикот има право да бара надомест за истата. На пример: доколку на земјиште кое е во сопственост на НН е спроведена нафтоводна цефка од некоја фирма, НН има право да бара надомест за комунално-техничката службеност од фирмата. Ако не се спогодат НН и фирмата за надоместокот, висината на надоместокот ќе ја определи судот по претходно поднесена тужба.

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права

За водење на постапка за имотно-правни работи и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top