Управен спор
Со управен спор се обезбедува судска заштита на правата и интересите на физичките и правните лица против поединечни акти донесени од јавните органи.
Во управен спор странки се:
- Тужител односно физичко или правно лице коe смета дека му е повредено правото или правниот интерес со конечен управен акт донесен во управна постапка, во прекршочна постапка или со непостапување на јавен орган во законски утврдениот рок;
- Тужен е јавен орган кој го донел актот кој се оспорува;
- 3аинтересирано лице е физичко или правно лице на кое со поништување, укинување или изменување на оспорениот акт или дејствие ќе му штети на некое негово право или правен интерес.
Управниот спор се поведува со тужба, а тужба може да се поднесе:
- ако управниот акт е донесен од ненадлежен орган;
- поради погрешна примена на материјалното право;
- кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката;
- поради недонесување на управен акт во управна постапка во законскиот рок од страна на јавниот орган;
- поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба во постапката која му претходела на актот;
- поради причини заради кои управниот акт може да се прогласи за ништовен;
- поради повреда на постапката за склучување на управниот договор.
Рок за поднесување на тужба е 30 дена од денот на доставување на оспорениот акт до странката, а со тужбата може да се бара:
- поништување на поединечен управен акт или негово огласување за ништовен;
- донесување на поединечен управен акт кој не е донесен во пропишаниот рок;
- преиначување на поединечниот акт.
Со денот на поднесување на тужбата се смета дека управниот спор е поведен.
Извор:
Закон за управни спорови
За поведување на управен спор и водење на постапката обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

