Skip to content

Легализација на странска јавна исправа

Јавна исправа претставува секоја исправа што ја издал државен орган односно организација или институција во вршење на јавно овластување во својата надлежност. Странките можат во постапки во нашата земја пред судовите и државните органи како доказ да поднесуваат јавни исправи издадени од органи од странски држави. Таа исправа за да има иста доказна сила како домашна јавна исправа мора да биде заверена односно легализирана за да се признае во нашава земја.

Легализација значи заверка на веродостојноста на исправата што го врши надлежниот орган. Јавната исправа од странство за да може да се употеби во нашата земја мора да биде заверена од страна на Министерство за внатрешни работи или дипломатско или конзуларно преставништво на РСМ во државата во која е издадена.

Извор:
Закон за парнична постапка,
Закон за легализација на исправите во меѓународниот сообраќај,
Меѓународно приватно право – П.Г. и Т.Д.

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top