Skip to content

Приговор против неправилности при извршувањето

Приговор може да поднесе странката или учесникот ако сметаат дека при извршувањето се сторени неправилности.

Приговорот мора да е образложен, аргументиран и поткрепен со соодветни докази. Рок за поднесување на приговор е 3 (три) дена по денот на осознавање на неправилноста, но не подоцна од 15 (петнаесет) дена по завршувањето на извршувањето.

По приговорот одлучува претседателот на судот во рок од 72 часа по приемот на истиот. Доколку има потреба може да се сослушаат странките, учесниците и извршителот. Решение по приговорот носи претседателот на судот, без оглед на тоа дали спротивната странка дала одговор на приговорот. Со решението може приговорот да се одбие или да се усвои. Ако претседателот на судот го усвои приговорот ги става вон сила преземените извршни дејствија, но со решението не може да го запре извршувањето, да укинува извршни дејствија, ниту да го задолжува извршителот да презема извршни дејствија.

Извор:
Закон за извршување

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top