Skip to content

Комунални такси

Комуналните такси ги плаќаат физички и правни лица кои вршат определена дејност. Истите се плаќаат за определени права, предмети и услуги кои се од јавен интерес и се од локално значење.

Комуналните такси се плаќаат за:

  • секоја фирма, односно назив на деловна просторија;
  • користење на површини во кампови за подигање на шатори и сл;
  • користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност;
  • истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места;
  • користење на музика во јавните локали;
  • поставување на витрини за изложување на стоки надвор од деловните згради;
  • користење на плоштадите и друг простор со цел за изложување предмети, приредување изложби и други забавни приредби за вршење на дејност;
  • користење на простор за паркирање на патнички моторни возила, товарни моторни возила и нивните приколки и автобуси, што за таа цел ќе ги определи општината;
  • користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли;
  • користење и одржување на јавно осветлување.

Висината на комуналната такса е еднаква за сите обврзници кои вршат иста дејност или занимање од иста категорија. Комуналната такса за фирми се утврдува различно според видот на дејност.

Комуналните такси се плаќаат во годишен износ или сразмерно за времето на користењето на правата, предметите или услугите. Правото на утврдување и наплата на комуналните такси застарува за две години по истекот на годината во која требало да се наплати таксата, како и правото на враќање на повеќе наплатена комунална такса застарува за две години по истекот на годината во која таксата била платена.

Извор:
Закон за комуналните такси

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top