Глоби за сообраќајни прекршоци
Согласно најновите измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот, направени се измени во глобите за сообраќајни прекршоци и тоа за:
- Пропуштање на пешаци на пешачки премин – глоба од 200 евра во денарска противвредност доколку возачот не застане на пешачки премин за да ги пропушти пешаците да поминат;
- Сигурносен појас – глоба од 40 евра во денарска противвредност доколку возачот и лицата кои се превезуваат во возилото и не носат сигурносни појаси;
- Користење на мобилен телефон – додека возачот управува со возилото не смее да користи мобилен телефон, во спротивно му е предвидена глоба од 40 евра во денарска противвредност;
- Намалена брзина на движење – глоба од 50 евра во денарска противвредност доколку возачот ја намали брзината и со тоа го попречува нормалното одвивање на сообраќајот;
- Зголемена брзина – глоба од 10 до 400 евра во денарска противвредност или прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило за одреден временски период, ако се движи со поголема брзина од поставениот сообраќаен знак;
- Сообраќај на крстосница – возачот како и пешаците мора да ги почитуваат светлосните сообраќајни знаци во спротивно ќе бидат казнети со одредена глоба;
- Престигнување и обиколување – не смее да врши возачот ако ги загрозува другите учесници во сообраќајот инаку за тоа е предвидена глоба од 150 евра во денарска противвредност. Престигнување и обиколување се врши само од левата страна;
- Запирање и паркирање – глоба од 45 евра во денарска противвредност ако возачот со запирање/паркирање ќе ја загрози безбедноста на другите учесници во сообраќајот или претставува пречка за истите;
- Употреба на светла во собраќајот – глоба од 15 евра за дење, 35 евра во денарска противвредност за ноќе. Возачот мора да има запалено соборени светла за осветлување на патот и дење и ноќе, оваа обврска не важи за возачи на електричен тротинет, велосипед, запрежни возила, ако се управуваат дење;
- Растојание помеѓу возила – глоба од 35 евра во денарска противвредност;
- Движење на пешаци – пешакот ако се движи по коловоз задолжитено треба да се движи по работ на коловозот и мошне внимателно и да не го попречува сообраќајот на коловозот, инаку е предвидена глоба од 50 евра во денарска противвредност. Ако нема пешачки премин, пешакот не смее да стапи на коловозот ако со тоа го попречува сообраќајот, бидејќи предвидена е глоба од 30 евра во денарска противвредност.
- Обврска на возачите кон пешачите – на обележан пешачки премин возачите да ја намалат брзината и да ги пропуштаат пешаците, во спротивно е предвидена глоба од 250 евра во денарска противвредност и прекршочна санкција.
- Посебно детско седиште – глоба од 35 евра во денарска противвредност ако се превезува дете помало од 5 години, а нема посебно детско седиште.
Извор:
Законот за безбедност на сообраќајот
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

