Skip to content

Правила за возење електричен тротинет

Електричниот тротинет во последниве години стана доста актуелно средство за превоз како за младите така и за возрасните. Може да го управуваат лица со навршени 14 години. Правилата за возење на електричен тротинет се утврдени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а за нивно непочитување утврдени се казни односно соодветни глоби.

Возач на електричен тротинет мора да носи заштитен шлем и може да го управува тротинетот по велосипедска патека/лента доколку има и е означена или по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движење на сообраќајот. На велосипедската патека возачот на електричен тротинет смее да се движи со брзина до 25км на час, а доколку се движи на површина наменета за пешаци до 6км на час.

За непочитување на горенаведените правила предвидени се глоби.

Извор:
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top