Skip to content

Должности во случај на сообраќајна незгода

Лицата кои ќе се затекнат или наидат на место на сообраќајна незгода во која има повредени лица, имаат должност да укажат помош на повредените лица во сообраќајната незгода (во рамки на нивните знаења и способности).

Во сообраќајна несреќа во која има загинато или повредено лице и е настаната голема материјална штета (дури и кога има мала материјална штета, но не се исполнети условите од Европскиот извештај), учесникот е должен: 

  • да остане на местото на сообраќајната незгода (да даде помош на лицата повредени во сообраќајната незгода или ако нему му е потребна лекарска помош),
  • да преземе соодветни мерки заради отстранување на нови опасности кои можат да настанат на местото на сообраќајната незгода, а особено да го постави посебниот знак за означување на запрено возило на коловозот или со други соодветни знаци да ги извести учесниците во сообраќајот за настанатата опасност, да го обезбеди возилото од самотргнување, да го обезбеди товарот на возилото да не падне или да не се растури по коловозот, да преземе мерки за спречување на избувнување пожар или експлозија и слично и
  • за сообраќајната незгода да го извести Министерството за внатрешни работи и да се врати на местото на сообраќајната незгода и да го пречека доаѓањето на полицискиот службеник кој врши увид.

Учесникот во сообраќајната незгода е должен да не ги промени состојбата на местото на сообраќајната незгода, односно да ги зачува постојните траги под услов да не ја загрозува безбедноста на сообраќајот.

Учесникот односно возачот кој ќе се затекне или наиде на местото на сообраќајна незгода е должен на барање од полицискиот службеник, да го превземе повреденото лице и однесе во најблиската болница.

За постапување спротивно од горенаведеното според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  се предвидени платни налози со определена глоба.

Извор:
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

За водење на постапка за надомест на штета обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

 

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top