Skip to content

Услови за користење на оружје

Оружје и муниција може да се набавува само со одобрение издадено од МВР (Министерство за внатрешни работи). Одобрението може да се издаде согласно со категоризацијата на оружјето која е поделена на: категорија А-оружје, категорија Б-оружје, категорија Ц-оружје и категорија Д-оружје.

Лицето кое сака да поседува оружје мора да ја има соодветната категорија за оружје за истото да може да го купи односно да го поседува, во спротивно може да му биде одземено од страна на службениците на МВР.

Оружје од Б и Ц категорија може да се набавува врз основа на одобрение од МВР, според живеалиште или престојувалиште на барателот.

Одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава ако лицето ги исполнува следните услови:

  • да има 18 години;
  • да не му е одземена или ограничена деловната способност;
  • да е здравствено способен да носи и поседува оружје;
  • да не претставува опасност за јавниот ред;
  • да има оправдана причина за набавување на оружје;
  • да располага со техничко знаење за употреба, чување и одржување на оружјето и да ги познава прописите за оружје;
  • да има живеалиште на РСМ со важечка лична карта или ако е странец да има одобрен постојан престој.

Одобрение за набавување на оружје може да се издаде на физички лица заради заштита на нивната личност и имот, за лов и за спортско стрелаштво.

Извор:
Закон за оружјето

За консултации и подетални информации во врска со условите за користење на оружје обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top