Застареност на прекршоците
Со застареност престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската. Застареност може да се јави на поведување и водење на прекршочната постака како и на извршувањето на прекршочните санкции.
Застареност постои кога се исполнети следните услови:
- изминале 3 (три) години од денот кога е сторен прекршокот, не може да се води прекршочна постапка;
- изминала 1 (една) година од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот;
- изминале 4 (четири) години од денот кога е сторен прекршокот од областа на даноците, царините, јавните набавки, јавните финансии и јавниот долг;
- изминале 5 (пет) години од денот кога е сторен прекршокот од областа на конкуренцијата, енергетиката, трговија со забранети и/или ограничени стоки за употреба, областа за заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културното наследство, заштита од природни и други непогоди, електронски комуникации или прекршоци сторени од користољубие;
- од денот кога е сторен прекршокот застарува прекршочното гонење;
- за продолжен или повторен прекршок од денот на последното дејствие на прекршокот;
- од денот кога одлуката за прекршокот станала правосилна.
Застарувањето не тече за времето кое според законот за гонење не може да започне или да продолжи, а се прекинува со секое процесно дејствие што се презема. По секој прекин застарувањето започнува повторно да тече.
Апсолутна застареност на прекршочното гонење и на извршувањето настанува кога ќе измине два пати време колку што според закон се бара за застареност.то гонење настанува кога ќе измине два пати време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење.
Извор:
Закон за прекршоците
За водење на постапката за застареност и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

